Стоматолошки Факултет Скопје
   
Издавачка дејност

УПАТСТВО ЗА СОРАБОТНИЦИТЕ

Вашите ракописи треба да ги испраќате на адреса на
Македонски стоматолошки преглед
Главен и одговорен уредник
проф. д-р Марија Накова
ул. Водњанска бр 17, 1000 Скопјe

      Ракописите треба да се испраќаат во два примерока (вклучувајќи ги и сликите, графи-коните и табелите), отпечатени на ISO А4 формат, само на едната страна од листот, на кирилица или латиница, со двоен проред и лево бел раб, најмалку 3 cm. Ве молиме следете го упатството за копмпјутерска обработка на текстовите, објавено во Македонски стоматолошки преглед од 2000 год., на стр. 71-72. За техничкото уредување на списанието Редакцијата овластува компетентно лице, затоа не правете сопствени технички и графички решенија на текстот. Ракописите треба да се пишувани на коректен македонски јазик.

      При поднесувањето на ракописот за печатење, авторот/авторите ги пренесуваат сите ав-торски права на Македонски стоматолошки прелед.

      Редакцијата не ги ограничува авторите во однос на долæината на трудот, но го задрæува правото да побара од авторите, ако биле премногу опширни да го збијат текстот, без да ја нарушат концепцијата на трудот.

      Бидејќи списанието се придрæува на Ванкуверскиот систем за биомедицински списанија, авторите ги упатуваме на преводот Изедначени барања за ракописите што се испраќаат за објавување во биомедицинските списанија, објавен во МАКЕДОНСКИ СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД 1988; 12(3-4):61-72. Фотокопија од преводот моæете да добиете од Редакцијата.

      За да се одбегнат многубројните корекции во фазата на обработката на текстовите, а со цел да се намалат печатарските трошоци, ги молиме авторите да се придрæуваат кон упатствата што ќе ги дадеме.

      Сите страници, вклучувајќи ја и насловната, табелите и легендите за сликите треба да се нумерираат последователно, во долниот десен агол на листот.

      Насловната страна треба да содрæи: 1. наслов на ракописот отчукан со големи букви; 2. автор/авторите, со полно име и презиме, отчукани со мали букви; 3. Институцијата/институции на кои им припаѓа/ат; и најдолу на листот, адреса, телефонски број на авторот или еден од авторите одговорен за кореспонденција и негова e-mail адреса.

      Апстракт. Најнапред, уште еднаш наведете го насловот на ракописот. Апстрактот треба да претставува кус извадок од вкупната работа што се опишува во ракописот (вовед, материјал, метод, резултати (по æелба), дискусија, и заклуоци). Во него треба да се нагласат сопствените и ваæни аспекти на студијата или опсервациите; не треба да се слуæите со генерализации како на пр. “се дискутира за значењето на наодите”. Апстрактот би требало да е отприлика една петтина од долæината на трудот, но да не пречекори една чукана страна, заедно со предлогот на аворот за клучни зборови, усогласени со тие што ги користи INDEX MEDICUS и кои се наведуваат под апстрактот.

      На посебна страница прилоæете го и преводот на апстрактот на англиски јазик. Тој треба да содрæи наслов, отчукан со големи букви, автор /автори, со полно име и презиме, со мали букви, подзаглавие “Summary”.

      Вовед. Третата страница треба да ја отпочнете со краток вовед во кој накусо ќе ја изнесете целта на трудот со информативен осврт на најваæните литературни податоци за проблемот (без резултати или заклучоци).

      Материјал и методи. Опишете ги внимателно и јасно употребените методи и видот на статистичките анализи. Ако сте користеле тестови за сигнификантност, поæелно е да се опише методот на кој се добиени. Референците во овој дел од трудот мора да се само за претходно објавени методи. За сите комерцијални производи и апаратури треба да ги наведете точно сите податоци, во заграда: назив на произведувачот, модел, град и земја, изворно. Поæелно е за лековите и употребените хемиски средства да го дадете генеричкото име, дозирањето и начинот на примена.

      Резултати.  Резултатите прикаæете ги без сопствен коментар; не ги поврзувајте со податоците од литературата. Овој дел на трудот е предвиден за да ни ги претстави табелите и сликите, со тоа што е поæелно да се нагласат, текстуално, само најваæните опсервации. Бројот на табелите и сликите ограничете ги на неопходните. Како замена за некои табели поæелно е резултатите да ги прикаæете на графикони. Не ги дуплирајте резултатите во табели и графикони.

      Секоја табела  треба да е отчукана на посебен лист и да содрæи: број (арапски) и информативен наслов. Секоја колона треба да добие најгоре, или полн наслов или кратенка. Табелите треба да бидат самостојно информативни колку што е моæно повеќе, така што презафатениот чи- тател да моæе да ги користи податоците и без детално проучување на текстот. Ако користите кратенки, на дното од табелата, како фуснота, додајте и објаснување за кратенките, доколку тие не се стандардизирани. За фуснотите користете препознатливи симболи, како: *, +, #, w, и други. За табелите не користите вертикални линии како граничници, туку оставете доволно пра зен простор помеѓу колоните. Хоризонталните линии се користат за одделување на подзаглавијата од резултатите.

      Сите илустрации се сметаат за слики. Ограничете го бројот на сликите на неопходните за илустрација на наодите. Сликите треба да се прилоæат, исто така, во дупликат и да се одбелеæат со арапски број, последователно. Ако на нив лепите или впишувате букви, бројки или дру- ги симболи, тие мора да се јасни и пропорционални со големината на сликата за при намалувањето да не станат нечитливи. Сликите што се поднесуваат треба да се квалитетно изработени за да моæе да се репродуцираат, и во приблиæна големина во која ќе се печатат. Цртеæите треба да се исцртани со црн туш, барем два пати поголеми од големината во која треба да се појават во списанието. Повторно ве потсетуваме, бројките, буквите или симболите да бидат пропорционални со цртеæот.

      За да не ја оштетите сликата, на грбот залепете налепница со број на сликата, името на првиот автор, првите неколку збора од насловот на трудот и со стрелка означете го смерот (горе/долу) во кој треба да се печати.

      За сликите, кон ракописот приклучете легенда во која ќе има доволно податоци за да се разбере нивната содрæина без читање на текстот во трудот. Сите легенди отчукајте ги заедно, со двоен проред.

      Дискусија.  Ова е подзаглавието во кое треба да ги дадете вашите субјективни ставови по проблемот, да ги објасните и да ги интерпрети- рате податоците потпирајќи се на резултатите. Ако постојат, опишете ги ограничувањата на нао- дите и спротиставете ги, или потврдете го сов- паѓањето со наодите на други истраæувачи. Во нашето списание не предвидовме подзаглавие заклучоци, па затоа нив изнесете ги во апстрактот.

      Единици за мерка. Авторите треба да ги користат SI единиците за мерка. Брошурата во која се објавени (The International System of Units, vo uredni{tvo na DT Goldman i RJ Bell)  моæе да се добие од US Department of Commerce, National Bureau of Standards, Washington D.C 20234, USA. Освен тоа, Редакцискиот одбор, во рубриката “Гости на редакцијата”, го објави трудот на Џекова-Стојкова под наслов Интернационален систем за мерни единици (SI)  и неговите кратенки во Македонски стоматолошки преглед од 1993 г. бр. 1, на стр. 5.

      Кратенки, симболи и номенклатура. Списанието ќе ги користи препораките на SI (Systeme International) симболите и SI единиците. Ќе биде дозволено користење и на не SI  единици ако тие се транскрибираат во полниот назив.

      Литература. Таа треба да е отчукана на посебен лист, со двоен проред, а литературните податоци треба да се дадат по азбучен ред, со тоа што секоја референца ќе добие последователен арапски број. Во неа треба да се опфатени сите автори од текстот, табелите или легендите. Пред поднесување на ракописот, треба да се утврди точноста на литературните податоци.
Во текстот, референците треба да се означат со арапски број, во загради, на пример: “Мицев (1) соопштува сопствени....” или ....”Наумова и Весков (2) известуваат за...” ако се работи за два автора. Ако цитирате референца со повеќе од три автори, тогаш се означува името на првиот а другите се групираат во формата “соработници”, како на пример: “Николовски и сор. нашле дека .....”. Референцата моæете да ја документирате и со едноставно наведување на нејзиниот број од литературата, ставен во заграда, на пример: “Некои автори (3) сметаат дека....”.
Литературните податоци треба да се дадат во стилот и со интерпункција што ја препорачуваат “Изедначените барања за ракописи што се поднесуваат за печатење во биомедицинските списанија“. Ако се јауваат до шест имиња како автори во референцата, внесете ги сите, но ако се повеќе, внесето ги првите шест, а за другите употребете ја кратенката  “и сор” (“et al ” ако е на туѓ јазик). Насловите на списанијата треба да се дадат со кратенките што ги користи Index Medicus, вклучувајќи го форматот за библиографско реферирање што го препорачува National Library of  Medicine.

      Документот Uniform Requirements documents беше ревидиран во 1997, нејзини одделни делови во мај 1999 и 2000. Поголеми измени тој доживеа во 2001-2002.

      Еве неколку примери:

Списанија
1. Накова М, Николовска З, Штрков К. Glossodinia - Glossopyrosis:  наш материјал. Макед Стоматол Прегл 1985; 9(1-2):34-7.
Зборници на трудови или апстракти од разни стручни манифестации (proceedings)
2. Симовска Т, Лазаревска Б. Транзиторни бактериемии при радикална санација на орални фокуси. I Конгрес на стоматолозите од Македонија (Апстракти). Охрид: Здруæение на стоматолозите од Македонија, 1994: 55.
Книги
3. Filjanski M. Etiološki faktori stomatitis protetika. U: Suvin M (urednik). Dostignuća u stomatološkoj protetici. 2. Zagreb: Liber, 1985: 35-78.
4. Димкова Љ. Патолошка дентална ресорпција. Скопје: Македонска книга, 1984.
Дисертации и тези
5. Шабанов Е. Промени во пародонциумот по експериментално предизвикана трауматска оклузија: стереолошка и хистолошка студија кај стаорци. (дисертација) Скопје, Македонија: Стоматолошки факултет, 1983: 55.

Македонски стоматолошки преглед не обезбедува за авторите и соработниците сепаратни отпечатоци на ракописите. Тие моæат да се нарачаат кај издавачот, по цена договорена со печатницата. Ракописите не се хонорираат и не се враќаат на вторите.

Македонски стоматолошки преглед
Редакциски одбор

msp_bib@stomfak.ukim.edu.mk