| Списанија
Списанието Македонски стоматолошки преглед излегува од 1977 год. во четири броја годишно и се дистрибуира до сите стоматолози во земјава и заинтересирани во странство; од Канцеларијата се обезбедува и размена на списанието со повеќе стоматолошки библиотеки во странство.
Македонски стоматолошки преглед - 2007; XXXI (1-2) (.PDF документ 2.89MB)
Македонски стоматолошки преглед - 2007; XXXI (3-4) (.PDF документ 2.62MB)
Преку упатството за соработниците Канцеларијата на Библиотеката во тесна соработка со Уредувачкиот одбор, во рамките на своите можности, се труди да обезбеди ракописите што се поднесуваат за печат строго да се придржуваат на Ванкуверскиот систем за биомедицински списанија. За таа цел, како едиторијал, објавен е преводот на Изедначени барања за ракописите што се испраќаат за објавување во биомедицинските списанија добиен во Канцеларијата на Редакцијата во 1988. Во подготвка е преводот на дополненијата на тој документ добиен од The International Committee of Medical Journal Editors (ICMJE), што претставува апдејт на Изедначените барања, "Uniform Requirements for Manuscripts (URM) Submitted to Biomedical Journals", во кој се упатуваат издавачите на списанија кои имаат претензии да бидат цитирани во системот на National Library of Medicine, MEDLARS® системот, за придржување кон некои услови за евалуација на списанието апликант.
Исто така се издава и списанието Стоматолошка ревија:
Стоматолошка ревија - 2007; (2) (.PDF документ 1.55MB)
Стоматолошка ревија - 2007; (3) (.PDF документ 1.53MB)
|