| Општи информации
Деканатот на Стоматолошкиот факултет во Скопје е сместен во комплексот на Државната болница во Скопје.
Адреса:
Деканат
при Стоматолошки факултет
Водњанска бр. 17 – 1000 Скопје
Наставата се изведува на Стоматолошкиот и на Медицинскиот факултет.
Според досегашната организациона поставеност Стоматолошкиот факултет функционира во заедништво со Универзитетскиот стоматолошки клинички центар и Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, како наставни бази, каде всушност се реализираат активностите на наставниот и помошно-наставниот кадар (наставно-образовната, научната и апликативната дејност).
Медицинските предмети се изучуваат во првите три години од додипломските студии. Во последните две години се изучуваат стоматолошките предмети.
Информации:
Тел.: (02) 3115-647
Факс: (02) 3115-647
e-mail: sfs@stomfak.ukim.edu.mk
|