| Научноистражувачка дејност
Научноистражувачката дејност на Стоматолошкиот факултет во Скопје има своја повеќедецениска историја. Првите чекори се направени во далечната 1956 г., преку испитување на поврзаноста на флуорот и забниот кариес.
Научностражувачката дејност, преку тимска работа и индивидуален интерес и склоност кон научноистражувачка дејност (докторски дисертации, научноистражувачки проекти и хабилитации), денес, ги покрива речиси сите области на современата стоматологија.
Клиничките и епидемиолошките истражувања се изведуваат, главно, на катедрите на Стоматолошкиот факултет.
Базични истражувања (анатомски, хистолошки, ембриолошки, физиолошки, микробиолошки, патолошки, имунолошки и др. се спроведуваат во соработка со Медицинскиот, Природно-математичкиот, Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје но и во научноистражувачки институции во странство.
|