| Декан
Проф. д-р Марија Накова
nakova_m@stomfak.ukim.edu.mk
Проф. д-р Марија Накова е родена во 1946 г. во Радовиш. Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1971, а во 1975 се здобила со звањето специјалист по болести на устата и забите. Со научниот степен магистер по стоматолошки науки на Медицинскиот факултет во Скопје се здобила во 1976 г. а во 1980 г., била промивирана како прв доктор по стоматолошки науки во Македонија.
Сознанијата од подрачјето на професионален интерес - прогресивна пародонтопатија, ги збогатила преку студијски престои (Турку, Финска), кај експертот за пародонтопатија Проф. Paunio Keyo.
Редовен професор на Катедрата за болести на устата и пародонтот е од 1992.
Учествувала или била роководител во реализацијата на три научноистраживачки проекти.
Во периодот 1992-1998 г. била продекан, а од 1998 г. до сега, била избирана за декан на Стоматолошкиот факултет во три мандати. Во 2002 г. била иницијатор и реализатор на додипломски студии за стручни забни техничари и стручни стоматолошки сестри.
Била член на Редакцискиот одбор на првото издание Македонска стоматолошка библиографија (1989) по повод 35-годишнината на Стоматолошкиот факултет и главен уредник на нејзиното второ издание (2004), посветено на 45-годишниот јубилеј на Факултетот. Била уредник на едицијата Галерија на кадрите на Стоматолошкиот факултет (1959-1999)”, објавена по повод 40-годишниот јубилеј на Факултетот. Во периодот 1997-2000 г. била главен и одговорен уредник на стручното списание Македонски стоматолошки преглед, а истата функција ја обавува и денес.
Автор е на монографијата За стоматолошката болка (1998) и на учебниците Основи на оралната физиологија и биохемија (2002) и Орална патологија (2003).
Добитник е на највисоки признанија и награди.
Продекани
Проф. д-р Ана Борче Миновска
minovska_a@stomfak.ukim.edu.mk
Миновска проф. д-р Ана е родена на 21 декември 1953 г. во Скопје
Дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1978 г., а со степенот специјалист по болести на уста и пародонтот се здобила во 1983 г.
Со научниот степен доктор по стоматолошки науки на Стоматолошкиот факултет во Скопје се здобила во 1994 г.
Била на стручни усовршувања на: Стоматолошкиот факултат во Торонто, Канада 1982 год., Стоматолошкиот факултет во Белград 1989 год., на стручни престои на Стоматолошкиот факултет во Виена во 1991 год. и на Стоматолошкиот факултет во Форд Мајерс, САД, во 1998 г.
Редовен професор на Катедрата за болести на устата и пародонтот е од 2005 г.
Помошник на директорот на Стоматолошки клинички центар била во 1999 год., а од 2003 г. е председател на Македонското стоматолошко друштво. Член е на Советот на BaSS / Балканско стоматолошко друштво.
Од 2005 г. е продекан е на Стоматолошкиот факултет во Скопје и Раководител на високата школа за стручни стоматолошки сестри.
Раководител е на проектот Dental implantology in south eastern Europe - Intensifying of the corporation, education and research between the dental faculties in South Eastern Europe a project supported by DAAD - Скопје, 2006 г. и КМЕ програмата за лекари и стоматолози од примарната здравствена заштита, Министерство за здравство- проект за унапредување на здравствениот сектор финансиран од Светската банка-Скопје, 2005 г.
Автор е на учебниците Професионализам и тимска работа, 2004 г. и Орална хигиена, 2005 г., обата во издание на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
За својата плодна дејност добитник е на повеќе награди и признанија: Плакета по повод 35 години од Стоматолошкиот факултет, Диплома од Македонското лекарско друштво, плакета од Македонското лекарско друштво.
Проф. д-р Миле Царчев
carcev_m@stomfak.ukim.edu.mk
Проф. д-р Миле Царчев е роден на 16 јули 1948 год. во с. Колешино, Струмичко. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Скопје во 1973 год., со звањето специјалист по детска и претевентивна стоматологија се здобил во 1978 год.
Со научниот степен доктор по стоматолошки науки се здобил во 1990 год.
Професионална ориентација на проф. Царчев е превенција на оралните заболувања во детската возраст.
Стручните и научните интереси ги збогатил преку стручни престои во Ивердон, Швајцарија (1999), Виена, Австрија (2000).
Редовен професор е на Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје од 2000 год.
Учесник е повеќе научноистражувачки проекти.
Автор е на учебникот Превентивна стоматологија, Стоматолошки факултет Скопје, 2006 год.
Продекан е на Стоматолошкиот факултет во Скопје од 2005 год. и од 2007 год. е назначен за национален координатор за превенција на оралните заболувања кај деца и член на Советот на Балканската стоматолошка асоцијација од 2000. Бил претседател на Стоматолошката комора на Македонија од 2000 до 2006 год. Бил соработник во Национална стратегија за унапредување на здравствената заштита на населението во Македонија до 2010 год., Македонска академија на науките и уметностите и Министерство за здравство, Скопје, 2001. Бил член е на Генералната асамблеа на Светската стоматолошка федерација (2000-2005).
Добитник е на дипломи, плакети и други признанија.
Проф. д-р Александар Грчев
grcev_a@stomfak.ukim.edu.mk
Роден е во Струмица, Р.Македонија во 1960 год. На Стоматолошкиот факултет во Скопје дипломирал во 1985 год. Со научниот степен магистер по стоматолошки науки се здобил во 1993 г., а од 1994 год. е специјалист по максилофацијална хирургија. Во научниот степен доктор по стоматолошки науки бил промовиран во 2001 г.
Во 2006 г. бил избран за вонреден професор на Катедрата за максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Професионалниот интерес на проф. Грчев е згрижување на лицевовилични трауми и сопствените искуства од таа област повеќепати ги збогатувал со учество на симпозиуми и стручни престои (Линц, 1997), Гронинген (1998), Париз (2000).
Бил соработник во изработката три научно истражувачки проекти финансирани од Министерството за наука на Р. Македонија.
Автор е на поглавјето Болка во лицево-виличниот комплекс во монографијата За стоматолошката болка во издание на Стоматолошки клинички центар, Скопје,1998 и коавтор во учебниците Рендгенолошки атлас на болестите во максилофацијалната регија, Скопје, НИП “Студентски збор”, 1997, Тумори во максилофацијалната регија. Скопје, НИП “Студентски збор”, 1998.
Во 2006 г. бил покренувач, реализатор и главен и одговорен уредник на списанието Стоматолошка ревија во издателство на Стоматолошкиот факултет.
Од март 2005 е продекан на Стоматолошкиот факултет во Скопје.
Добитник е на високи признанија и награди.
|