Стоматолошки Факултет Скопје
   
Библиотека

Библиотеката, во рамките на својата дејност нуди услуги на членовите на Библиотеката и услуги на други заинтересирани корисници.

Услугите што ги нуди Библиотеката се бесплатни.

Членовите на Библиотеката можат да ги добијат следниве услуги:

  • Општи библиотечни информации;
  • Упатување за самостојно користење на каталозите и секундарните/терцијарните извори на информации;
  • Тематски пребарувања на информации во сопствените автоматизирани бази:
  • база за публицистичката дејност на стоматолозите во Македонија
  • база на податоци за публикации како што се докторски дисертации, магистерски, хабилитациони и специјалистички трудови и научни проекти
  • пребарување на реферални информации преку интернет мрежата PubMed на National Library of Medicine за сите корисници на Библиотеката
  • Реферални информации за националната стоматолошка публицистичка дејност;
  • Користење материјал од библиотечниот фонд во Библиотеката;
  • Зајмување на  дел од библиотечниот фонд отворен за такво користење.

Библиотеката е отворена за користење секој работен ден од 7:30-13:30 часот.

Во Библиотеката можете да бидете упатени за самостојно користење на:

  • каталозите на Библиотеката во печатена форма;
  • автоматизираните каталози на Библиотеката;
  • секундарните и терцијарните извори на информации со кои располага Библиотеката, во печатена форма: библиографии, индекси, енциклопедии, лексикони, речници, посебни фондови (магистерски и дисертациони трудови, научни проекти).

Библиотеката на Стоматолошкиот факултет располага со читална. Пристапот и користењето  на читалната е слободен за сите студенти на Стоматолошкиот факултет, за сите вработени и, општо, за корисници стоматолози и други кои имаат потреба од услугите на Библиотеката на Стоматолошкиот факултет.

Канцеларијата на Библиотеката ги нуди и следниве услуги на индивидуални и колективни корисници, кои не мора да бидат членови на Библиотеката:

  • обезбедува автоматска обработка на податоци за публицистичката дејност на стоматолозите од Македонија;
  • обезбедува автоматизиран адресар на стоматолозите и на стоматолошките служби (приватен и јавен сектор) од Македонија;
  • нуди автоматски податоци за curricculum vitae на кадрите на Стоматолошки факултет од неговото постоење до денес.
  • поседува дигитализиран фото-албум на кадрите кои го граделе и го градат Стоматолошкиот факултет од неговото постоење до денес

Овие услуги може да се добијат во Библиотеката со претходен договор/закажување, секој работен ден.

Контакт e-mail: msp_bib@stomfak.ukim.edu.mk